Достапни линкови

Ќе сториме се, да дојде до решение за името, изјави Груевски


Премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашања во врска со најавите на медијаторот Метју Нимиц дека по изборите во Грција ќе се интензивираат преговорите за името и дека скоро ќе се најде решение, рече дека тој во континуитет ги дава тие изјави уште кога беше во Скопје.
- Она што јас можам да кажам е дека ќе дадеме се што е во наша моќ да се дојде до решение, се разбира решение на кое и ние ќе бидеме задоволни и пред се граѓаните на Република Македонија, истакна премиерот Груевски.
XS
SM
MD
LG