Достапни линкови

САД, Британија и Франција со осуда за Иранскиот нов капацитет


Американскиот Претседател Барак Обама, британскиот Премиер Гордон Браун и Францускиот Претседател Никола Саркози го обвинија Иран за изградба на тајни нуклеарни постројки. Тие оваа заедничка осуда ја дадоа на прес конференција во Питсбург каде што втор ден е во тек самит на Групата 20 земји. Обама на конференцијата изјави

„Постоњето на овој капацитет нагласува дека Иран продолжува да не ги почитува обврските согласно резолуциите на Советот за Безбедност и на Агенцијата за Атомска енергија. Очекуваме Агензџијата веднаш да започне истрага“

Портпаролот на Меѓународната Аганција за Атомска Енергија Марк Видрикаире претходно изјави дека на 21 Септември Агенцијата била информирана од Иран за изградба и на втора постројка за збогатување ураниум во земјата чије производството ке било наменето за производство на струја. Меѓународната Агенција побарала итен пристап до новите капацитети. Иран е под три пакета санкции затоа што одбива да го напушти процесот за збогатување ураниум кој се користи и како нуклеарно гориво за атомски бомби.
Досега беше познато дека Иран има само една постројка за збогатување ураниум.
XS
SM
MD
LG