Достапни линкови

logo-print

Грција да престане да настапува од позиција на сила, изјави Ѓорѓе Иванов


Сите досегашни македонски влади беа фокусирани врз реализацијата на двете врвни стратешки цели, интеграција во Европската Унија и во НАТО. Постапката на Грција, која го спречи членството на Македонија во НАТО, беше спротивна на обврските превземени со Времената Спогодба од 1995-та година, изјави претседателот Ѓорѓе Иванов во обраќањето на Генералниот Собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Како што нагласи Иванов, Грција тоа го сторила за да влијае врз исходот од преговорите за името што се водат во рамките на Обединетите Нации. Република Македонија, и покрај апсурдноста на спорот, искрено се надева дека наскоро ќе биде отстранета единствената пречка за зачленување во евро-атланското семејство, рече Иванов, најавувајки натамошно конструктивно учество во процесот на преговори со Грција. Тој изрази надеж дека Грција ќе го напушти настапувањето од позиција на сила и оти ќе ги антиципира пошироките интереси за трајна стабилизација на регионот. Република Македонија е подготвена за решение кое ќе претставува фер компромис, кој на ниеден начин нема да задира во македонскиот национален, културен и јазичен идентитет и решение кое треба да добие легитимитет од граѓаните, наведе македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во обраќањето на Генералното Собрание на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG