Достапни линкови

Србија очекува негативен став на Меѓународниот Суд за Косово


Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ во Њујорк изјавио дека верува оти Меѓународниот суд ке се произнесе негативно за законитоста на независноста на Косово. Меѓународниот суд треба од 1 декември да започне со разгледување на прашањето на законитоста на независноста на Косово, прогласена на 17 февруари 2008 година.
Генералното собрание на ОН во октомври 2008 година побара од Меѓународниот суд да се произнесе дали прогласувањето на независноста на Косово е во согласност со меѓународното право. Шеесет и една земја, меѓу кои мнозинството од земјите од ЕУ и САД, досега ја признаа независноста на Косово. Србија не ја признава независноста на Косово, а нејзината позиција е поддржана од Русија.
XS
SM
MD
LG