Достапни линкови

logo-print

Завршува самитот на Г-20 во Питсбург


Денеска во Питсбург, САД, завршува дводневниот самит на Г20 најразвиени држави во светот и водечките земји во развој. Во текот на денов лидерите на Г20 ќе се обидат да постигнат договор околу бројни важни економски прашања меѓу кои и реформата на системот на управување на ММФ. На почетокот на средбата вчера тие имаа билатерални средби. Американскиот претседател Барак Обама, кој претседава со самитот, во пораката за добредојде ги повика учесниците да ја разгледаат новата „мапа на патот“ за да не се повтори сегашната светска криза.
XS
SM
MD
LG