Достапни линкови

Медведев не ја исклучува можноста пак да се кандидира


Рускиот претседател Дмитри Медведев изјави дека постои можност да се кандидира и на следните избори во 2012 за уште еден мандат. Тој одговори на прашање на студент во Питсбург, каде што престојува на самитот на Г20. Медведев беше избран за претседател пред една година со силна поддршка од неговиот претходник Владимир Путин. Путин, кој е на местото премиер, на почетокот од месецов изјави дека тој и Медведев ќе одлучат кој од нив двајцата ќе влезе во трката на наредните избори, со што остави простор за шпекулирање дека можеби тој повторно ќе се кандидира за претседател.
XS
SM
MD
LG