Достапни линкови

Нимиц: Македонија и Грција имаат серозен пристап за некои идеи


Има доволно идеи на маса за Македонија и Грција да почнат да размислуваат креативно за изнаоѓање решение. Двете страни треба да го искористат моментoт за да се дојде до решение за името, изјави медијаторот Метју Нимиц по денешната средба со претседателот Ѓорге Иванов и со македонскиот преговарач, амбасадорот Зоран Јолевски, во Њујорк, пренесува државната новинска агенција МИА.
Нимиц не изнесе детали но посочи дека и Македонија и Грција имале сериозен пристап за некои од неговите идеи.
Процесот за решавање на разликите за името ќе биде во мирување до завршувањето на изборите во Грција. Нимиц очекува забрзување на преговорите по изборот на новата грчка влада.

XS
SM
MD
LG