Достапни линкови

Молдавија: Русија да се повлече од Придњестровие


Молдавскиот вршител на должност претседател Михаи Гимпу, денеска, ја повика Москва да ги повлече своите сили од молдавската сепаратистичка област Придњестовие. Руската новинска агенција Интерфакс објави дека Гимпу го упатил повикот по денешната средба со специјалниот советник на рускиот претседател Дмитриј Медведев, Сергеј Наришкин во главниот град на Молдавија, Кишињев.
Молдавската новинска агенција Инфотаг објави дека Гимпу и Медведев ќе разговараат за Придњестовие на самитот на лидерите на Заедницата на независни држави, во октомври.
Придњестровие, каде што се зборува руски јазик, прогласи независност од Молдавија, каде што се зборува романски во 1990 година. Во 1992 година Молдавија и Придњестровие краткотрајно војуваа. Во областа има стационирано околу 1000 руски војници.
XS
SM
MD
LG