Достапни линкови

logo-print

Несогласувања за буџетот


Собраниска сала

Собраниска сала

Власта и опозицијата имаат различни ставови за ребалансот на буџетот. За опозицијата потребни се натамошни кратења на непродуктивните расходи, за власта ребалансот е „погоден“

Власта и опозицијата и понатаму кршат копија за ребалансот на буџетот. Опозицијата педлага амандмани за измена на планот на
Не мислиме дека треба да се гради жичара од Средно Водно до Милениумскиот крст. Не мислиме дека во овој момент реставрацијата на куќата на Мајка Тереза е приоритет.
власта а од Владата се убедени дека ребалансот овој пат е „погоден“. Во дискусиите за ребалансот на државната каса неретко се споменуваат социјалните случаи во земјава. Конкретен пример за несогласувања меѓу власта и опозиционерите е субвенционирањето на сметките за електрична енергија на социјалните семејства. Пратеникот на СДСМ Јани Макрадули смета дека Владата, наместо да им помогне на социјалните случаи парите ги троши за други цели

„Не мислиме дека треба да се гради жичара од Средно Водно до Милениумскиот крст. Не мислиме дека во овој момент реставрацијата на куќата на Мајка Тереза е приоритет. Мислиме дека е попаметно тие средства да се вложат во обезбедување средства за субвенционирање на сметките за електрична енергија.“

Од власта пак велат дека социјалните случаи не се заборавени. Министерот за финансии Зоран Ставрески вели дека се работи на проектот за субвенционирање

„Потребни се анализи околу моделот на тој проект, кои категории граѓани да бидат опфатени и колку да им биде покриено. Тогаш кога ќе биде направена таа анализа, владата како што навести со буџетот за 2010 во одредена фаза ќе го финансира тој проект.“

И додека власта и опозицијата дискутираат за македонската социјала, социолозите констатираат дека тензиите се
Јас не сум многу убеден дека и кога опозицијата би била во позиција дека би имала многу од арсеналот мерки коишто би ја подобриле состојбата
зголемуваат. Професорот Ристо Карталов вели дека се зголемува бројот на луѓе кои бараат работа:

„Се регрутира еден број луѓе кои беа вработени да се најдат во групата невработени.“

Карталов вели дека опозицијата ја користи актуелната ситуација за да ја критикува власта.

„Јас не сум многу убеден дека и кога таа би била во позиција дека би имала многу од арсеналот мерки коишто би ја подобриле состојбата.“

карталов додава дека со игнортирање на кризата, власта не помогнала за подобрување на ситуацијата

„Така со некои приказни за мали деца, кога ќе дојде проблемот, ние сме како збунети, изненадени.“
XS
SM
MD
LG