Достапни линкови

logo-print

Русија: Полска да ја остави историјата на историчарите


Русија денеска оцени дека полските пратеници ги поткопуваат напорите за подобрување на односите меѓу двете земји.
Претходно, Долниот дом во Полска, едногласно, усвои резолуција за осуда на советската инвазија на источна Полска пред 70 години. Тие ја повикаа Русија да ги осуди сталинистичките воени злосторства.
Руското министерство за надворешни работи оценува дека резолуцијата е тенденциозна и политизирана и вели дека таквите работи треба да бидат оставени на судот на историчарите.
XS
SM
MD
LG