Достапни линкови

За прв пат вакцина која го намалува ризикот од ХИВ


Истражувачите соопштија дека една експериментална вакцина го намалила за третина ризикот од инфекција со ХИВ. Истражувањето било спроведено меѓу 16.000 доброволци во Тајланд. Научниците оценија дека овој чекор дава надеж за развој на вакцина против вирусот на СИДА. Од оваа болест која се појави во осумдесетите години, досега починаа 25 милиони луѓе во светот.
XS
SM
MD
LG