Достапни линкови

Инцко: Очекувам повлекување на заклучоците


Високиот претставник во Босна и Херцеговина Валетнин Инцко синоќа изјави дека не очекувал остра реакција на властите на Република Српска на неговите одлуки. Тој додаде дека очекува тие да ги повлечат нивните заклучоци да не учествуваат во работата на Електропреноси. Премиерот на Република Српска Милорад Додик го информирал американскиот амабасадор во Сараево Чарлс Инглиш дека сите претставници од Република Српска ќе се повлечат од заедничките институции во Босна доколу Инцко продолжел со практиката на наметнување решенија.
XS
SM
MD
LG