Достапни линкови

logo-print

Самит на Г 20 во Питсбург


Лидерите на Групата 20 денеска и утре ќе се состанат во американскиот град Питсбург на нивниот трет самит од почетокот на глобалната економска криза. Овој пат тие се надеваат дека ќе излезат со нови правила со цел да се спречи повторувањето на слични кризи.

Последниот пат кога се состанаа лидерите на Групата 20 имаа задача да бидат своевидни финансиски пожарникари. Имено, на самитот во Лондон во април годинава, тие во борбата против светската економска криза удрија со договор вреден еден трилион долари. Скоро шест месеци потоа и со првични знаци на економско заздравување, фокусот се менува. Овој пат, врз она што може да се направи за да се спречи повторување на најлошата криза во последните неколку децении. Американскиот претседател Барак Обама, во своето последно радио обраќање, изјави дека модерните финансиски кризи не знаат за граници.

,,Затоа, во следната недела на самитот на Г 20, ние ќе разговараме за некои од чекорите кои се потребни за да се заштити нашиот глобален финансиски систем и да се пополнат празнините во регулативата во светот кои доведоа до криза.,,

Една од празнините се таканаречните банкарски бонуси, односно убавите награди кои го охрабруваат нивното ризично однесување,
Она што ќе се случи во текот на следните две или три години е тоа што ќе побараме банките да држат поголем капитал. Но, ќе потрае извесно време пред да се постигне саканото ниво. Затоа тие во наредните пет години ќе го задржуваат економскиот раст.
што пак доведе до колапсот на банките. Поради раширениот гнев кај јавноста, бидејќи голем дел од банките беа спасени со држави пари, односно пари на даночните обврзници, сега се бара укинување или лимитирање на бонусите. Вашингтон на агендата на самитот, според експертите, сака да го протурка и прашањето за зајакнување на банките, со цел тие да бидат поспособни да ги издржат шоковите во иднина. Според овој предлог, банките треба да го зголемат нивниот капитал за да можат подобро да ги апсорбираат евентуалните загуби. Но, европските лидери повеќе се за построги правила, бидејќи тие сакаат нивните банки да бидат посигурни, вели професор Антониј Клер од Бизнис училиштето во Лондон.

,,Она што ќе се случи во текот на следните две или три години е тоа што ќе побараме банките да држат поголем капитал. Но, ќе потрае извесно време пред да се постигне саканото ниво. Затоа тие во наредните пет години ќе го задржуваат економскиот раст. Можеби за да дојде до здив на глобалната економија и е потребна таква пауза.,,

Во Групата 20 се: Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Турција, САД, Велика Британија и Европската унија. Тие претставуваат околу 85 отсто од светската економија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG