Достапни линкови

САД се за брзо интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ


Целта на Соединетите држави е да ја видат Македонија што побрзо интегрирана во НАТО и во Европската унија. Ова го изјавил американскиот заменик државен секретар Џејмс Стајнберг на синоќешната средба во Њујорк со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Тој, како што јавува МИА, порачал дека Вашингтон сака да се најде решение за спорот за името и ги охрабри Скопје и Атина, по изборите во Грција, да ги продолжат разговорите со посредство на Метју Нимиц. Иванов денеска во Њујорк треба да се сретне со Тони Блинкен, советник за национална безбедност на американскиот потпретседател Џозеф Бајден, како и со посредникот во разговорите за името Нимиц.
XS
SM
MD
LG