Достапни линкови

logo-print

Светските лидери го предупредија Иран за нуклеарната програма


Францускиот претседател Никола Саркози го предупреди Иран дека ќе направи грешка, доколку ја продолжи нуклеарната програма. Тој во својот говор при ОН изјави дека лидерите на Иран треба да сфатат оти нивните предупредувања се сериозни, иако тие сеуште се пасивни. Франција, Америка, Русија, Кина, Британија и Германија ќе се сретнат со Иран следниот месец за да разговараат за ова прашање. Рускиот претседател Димитри Медведев и неговиот американски колега Барак Обама не ја исклучија можноста доколку Техеран не се откаже од нуклеарната програма да се преземат сериозни санкции.
XS
SM
MD
LG