Достапни линкови

Законот за пристап до информации проблематичен?


Новинари со министерот за земјоделство Љупчо Димовски
Новинари со министерот за земјоделство Љупчо Димовски

И покрај донесувањето на Законот за слободен пристап до информации, пред повеќе од три години, мал е бројот на новинари кои го користат за да дојдат до потребните информации. Причина се долгите рокови за обезбедување информации согласно законот.

И по три години од донесувањето на Законот за слободен пристап до информации, мал е бројот на новинари кои го користат за да дојдат до потребните сознанија за своите прилози и текстови. Ова беше истакнато на семинарот што во Битола го одржа Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации. Ваквата состојба велат се должи на долгите рокови за обезбедување инфорамции кои законот им ги дава на јавните институции. Голема полза од него немаат новинарите кои се занимаваат со дневно известување кое не дава поширок временски дијапазон за обебзедување на информации.

„Гледаме дека меѓу граѓаните имаме многу број на баратели новинари што се јауваат. Тоа се неколку новинари кои досега успеале согласно законот за слободен пристап да дојдат до барани информации. Причината е долгиот рок на постапката што ја дава законот. Законот вели информацијата треба да биде дадена веднаш или најдоцна во рок од 30 дена. Доколку се работи за пообемна информација да го извести барателот дека му се потребни дополнителни денови за да ја обезбеди бараната информација, а тоа се уште десет дена.“
Гледаме дека меѓу граѓаните имаме многу број на баратели новинари што се јауваат. Тоа се неколку новинари кои досега успеале согласно законот за слободен пристап да дојдат до барани информации. Причината е долгиот рок на постапката што ја дава законот


вели Љубица Станојовска, член на Комисијата за заштита на слободниот пристап до информации. Во постапка се измени и дополнувања на законот „бидејќи во текот на овие три години и комисијата увиде дека има многу недоречености и недоследности во спроведувањето на законот. Се обидовме со една работна група да подготвиме измени и дополнувања и оној рок од 30 дена е предложено да се скрати на 15 дена. Сега зависи неговото освојување од Владата и Парламентот како ќе биде“, додава Станојовска. Од законот немаат полза новинарите кои имаат потреба од информации и документи за време на судски спор бидејќи законот не дозволува нивно издавање во такви услови. Иако јавните институции се обврзани да бидат транспарентни за нивното работење, се уште постои отпор. Ете на кој начин се обидуваат да го заобиколат Законот за слободен пристап до информации.

„Молк на администрацијата, доколку не добиете никаков одговор, доколку ве одбијат со образложение дека таа информација не ја поседуваат, а вие знаете дека ја имаат, или доколку дадат некоја информација која вие не сте ја барале. И тоа ни се случува едена информација да бараат, да добијат друга. Тогаш граѓанинот има право на жалба до комисијата.“

вели Станојовска. Минатата година граѓаните поднеле 680 жалби, а оваа до септември 270. Најголемиот дел од нив се однесувале на државните и високо образованите институции.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG