Достапни линкови

Обама за прв пат на Генералното собрание на ОН


Американскиот претседател Барак Обама, денеска, во неговото прво излагање пред Генералното собрание на Обединетите нации, ги повика светските лидери да покажат поголема одговорност во справувањето со глобалните предизвици.
Тој рече дека четири работи се клучни за да се обезбеди иднината – нуклеарно разоружување, унапредување на мирот и безбедноста, зачувување на планетата и глобалната економија.
Како закана, Обама ги посочи нуклеарните програми на Иран и на Северна Кореја, а посочи и на важноста од постигнување договор за мир на Блискиот Исток.
XS
SM
MD
LG