Достапни линкови

Откриено оружје блиску до македонската граница


Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека во јужниот дел на Србија, на 300 метри од границата со Македонија е откриено големо количество оружје.
Дачиќ рече дека меѓу оружјето има автомат, два ракетни фрлачи, 16 гранати, противтенковски мини и муниција.
Тој наведе дека оружјето било закопано во дупка на приватен имот во делот на Србија што граничи со Македонија и со Косово.
XS
SM
MD
LG