Достапни линкови

Контрадикторности околу името


Од последната средба на претседателот Иванов со медијаторот Нимиц

Од последната средба на претседателот Иванов со медијаторот Нимиц

Претседателот Ѓорге Иванов во рамки на средбите во Њујорк посветени на прашањето за името, изјави дека Македонија никогаш не го напуштила ставот за двојната формула. Партиите од опозицијата велат дека со таквите изјави претседателот е контрадикторен.

Македонија никогаш не ја напуштила двојната формула, имало само интерпретации на таа позиција, изјави синоќа Македонскиот претседател Ѓорѓе Иваванов на средбата во Њујорк со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и со холандскиот премиер Јан Петер Балкененде. Опозициските партии сметаат дека со ваквите изјави Претседателот е контрадикторен. Неодама на средбата со Хавиер Солана во Брисел изјави дека Македонија се откажува од двојната формула, вели претседателот на Нова Демократија Имер Селмани.

„Навистина сум изненаден ако еден политичар, како што е претседателот на државата. Толку често да менува ставови, да менува изјави за едно така клучно прашање за Република Македонија. Ценам дека воопшто не е здраво, ниту може некој премногу сериозно да не смета за партнер ако ние само заради дневни политики даваме изјави.“

Влатко Ѓорчев од ВМРО вели дека ставот за двојната формула е став кој фигурира веќе 17 години.
Мислам дека тоа воопшто ни од далеку не може да се профилира како прецизен став на државата. Што сакал со тоа да каже претседателот Иванов, веројатно само тој знае


„Изјавата на претседателот Иванов, е она што е утврдено и од политиките на поранешниот претседател Киро Глигоров, и од политиките на претседателот Борис Трајковски и од политиките на Бранко Црвенковски пред пет години кои што сега се напуштени. Значи, тоа е еден поглед на нештата за кои што во Македонија многу пати се дискутирало.„

Во Македонија некој создава претстава дека го поддржуваме грчкиот став за име за севкупна употреба. Македонија никогаш немала таков став, изјави Претседателот по синоќешната средба. Од владеачката партија ДУИ велат дека треба сите политички фактори во држават треба поодговорно да се сфатат преговорите за името.За Џеват Адеми се што излегува од овие рамки не му помага стратешки на процесот.

„Би го советувал претседателот, да го користи својот авторитет и да влијае врз своите советници да не ја поткопуваат политичката и етничката согласност односно консензус во Македонија во овие важни моменти.“

Од СДСМ велат дека со толку контадикторности , државата покажува непрецизен став за овој проблем.

„Мислам дека тоа воопшто ни од далеку не може да се профилира како прецизен став на државата. Што сакал со тоа да каже претседателот Иванов, веројатно само тој знае. Слично и на неговата изјава за разумен компромис, каде што според него дефиниција за разумен компромис е разумен компромис и никој друг освен него не знае што значи тоа, бидејќи не ги запозна ниту граѓаните, ниту јавноста кое е неговото видување.“

вели Секретарот на СДСМ, Андреј Перов.
Изјавата на претседателот Иванов, е она што е утврдено и од политиките на поранешниот претседател Киро Глигоров
Политикологот Мерсел Биљали вели дека сега се дава друго значење на двојната формула.

„Сега со двојната формула се сака да се наметне дека првото е за меѓународна употреба, а второто е за внатрешна и билатерална употреба за тие држави кои сакаат да комуницираат со Република Македонија со нејзиното уставно име.“

Биљали вели дека во Македонија сеуште нема јасен став како ќе го реши проблемот иако во јвноста се прокламираат некакви начела и принципи. Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Њујорк ќе се сретне со американскиот заменик-државен секретар Џејмс Стајнберг. Главна тема на разговорите ќе биде грчко-македонскиот спор за името.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG