Достапни линкови

Британската амбасада бара исправки во Енциклопедијата


Амбасадата на Велика Британија во Скопје денеска испрати писмо со барање, Македонската академија на науките и уметностите да ги корегира наводите дека британски специјалци ги обучувале припадниците на ОНА.
„Тоа беше неточна иформација околу тренингот. Немаше воопшто таква обука од силите од Велика Британија. Апелирам до МАНУ тоа да го корегира“, изјави британскиот амбасадор во земјава Ендрју Ки.
Тој вели дека, за ваква книга, е многу е важно сите факти да бидат потврдени и да бидат точни, a сите толкувања и тези да бидат сеопфатни и непристрасни.
XS
SM
MD
LG