Достапни линкови

logo-print

Иванов: никогаш не сме ја напуштиле двојната формула


Македонија никогаш не ја напуштила двојната формула, само имало интерпретации на таа позиција. Отсекогаш сме велеле дека разговараме во рамките на резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН од 1993 година, изјави синоќа претседателот Ѓорге Иванов по средбите во Њујорк со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и со холандскиот премиер Јан Петер Балкененде, на кои една од главните теми било прашањето за името. Како што јави МИА, Расмусен и Балкененде се интересирале до каде се разговорите за името што се водат со посредство на ОН и каква е позицијата на Македонија. Заедничка оценка е дека изборите во Грција ќе го забават процесот. Шефот на македонската држава ги информирал и за уделот на Македонија во мисијата ИСАФ и за договорената заедничка македонско-американска мисија во Авганистан наредната година.
XS
SM
MD
LG