Достапни линкови

ОН- почнува генералната дебата


Лидерите на повеќе од 120 земји ќе се соберат денеска во седиштето на ОН во Њујорк, каде што почнува генералната дебата на 64-то заседание на Генералното собрание на Светската организација. Дебатата ќе ја отвори генералниот секретар Бан Ки Мун, а обраќања ќе имаат, меѓу другите, претседателите на САД, Русија и на Кина Барак Обама, Дмитриј Медведев и Ху Џинтао. Главни теми ќе бидат ситуацијата во Авганистан и на Блискиот исток, нуклеарните програми на Иран и на Северна Кореја, како и тероризмот, болестите и други актуелни прашања.
XS
SM
MD
LG