Достапни линкови

Се бара концесионер за 5 наплатни станици за патарина


Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за државни патишта денеска ќе објават јавен повик за учество во тендерската постапка за отстапување на правото на наплата на патарина на наплатните станици Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско. Рокот за доставување на писмата е 30 денови од објавувањето на јавниот повик, а концесионерот ќе има обврска да изврши реконструкција, проширување и ремонт на објектите неопходни за вршење на концесиската дејност, како и набавка, имплементација и одржување на интегриран систем за наплата на патарина. Очекувана корист од проектот е зголемување на ефикасноста во системот на наплатата, намалување на времето на чекање и воведување современи решенија за вршење на наплатата
XS
SM
MD
LG