Достапни линкови

Соработка во борба против тероризмот меѓу Македонија и САД


Прес конференција по повод вежбата на американските и македонските безбедносни служби

Прес конференција по повод вежбата на американските и македонските безбедносни служби

Во наредните пет дена во Центарот за управување со кризи, се одвива вежба во која обучувачи се специјалци од Министерството за одбрана на Соединетите Држави и од Федералното истражувачко биро. Целта на вежбата е превенција од можни терористички напади.

Терористички напади за време на избори во Македонија од Авганистанци. Во ваква симулирана ситуација ќе се најдат 30-тина полицајци, војници и претставници на министертсва во наредниве пет дена. Според сценариото, целта на нападот е да се изврши притисок врз Македонија да ги повлече своите мировници од Авганистан. Во оваа вежба обучувачи ќе бидат специјалци од Федералното истражувачко биро и од Министертвото за одбрана на САД. Вежбата се вика „Национален кризен командантен Центар“ и ќе трае во наредниве пет дена во Центарот за управување со кризи. Во вежбата македонските учесници ќе се справуваат со симулирани терористички напади со оружје за масовно уништување.
Една од целите на оваа вежба е продлабочување на меѓусебената соработка, значи таа интернационална димензија односно во случај да се случи нешто кои се постапките за барање на помош


„Би сакал оваа вежба никогаш да не се спроведе во реалност. Вежбата ќе се одвива во штабови, значи нема да има сили на теренот. Една од целите на оваа вежба е продлабочување на меѓусебената соработка, значи таа интернационална димензија односно во случај да се случи нешто кои се постапките за барање на помош.“

вели координаторот на вежбата Урим Вејсели. Сценариото на вежбата кое содржи шест дела го подготви министертвото за одбрана на САД по направени консулатции со Центарот за управување на кризи. Специјалците на ФБИ ќе го набљудуваат и контролираат текот на вежбата. Поентата на оваа вежба е превенција. А кои се реалните шанси Македонија да се најде во ситиуација слична на вежбата односно да биде нападната од терористи Вејсели вели дека не знае. Превенцијата од вакви ситуации е многу важна, вели потполковникот Метју Хејли од американското министертсво за одбрана.

„Вежбата е наменета со цел да се намалат опасностите, односно тука би ги споменал 11 Септември, или ако ги прашавте луѓето пред тој 11 Септември дали ова е можно да се случи, веројатно голем дел би ви кажале дека тоа не е можно да се случи и она што се случи тогаш секако ги промени нашите размислувања.“

Ова е прва ваква вежба, со оваа тема за кризен команден центар која ја спроведува Агенцијата за намалување на безбедносните закани. Но, е дел од програмата за борба против користење на оружје за масовно уништување, која нуди 24 обуки, во рамки на Министертвото за Одбрана на САД.

„Ако успееме да ја спроведеме таа фаза на враќање на луѓето тогаш нема да дојде до случаи како што беше 11 Септември.“
Вежбата е наменета со цел да се намалат опасностите, односно тука би ги споменал 11 Септември


Вежбата претставува можност за проверка на македонските капацитети за справување со кризи, вели Вејсели.

„Центарот за управување со кризи согласно надлежностите треба да биде подготвен за сите ситуации и ова е една можност за проверка на плановите, научување на лекции и исправување на одредени слабости.“

Соработката со ФБИ и министерството за одбрана на САД ќе помогнат во продлабочувањето на меѓународните односи. Од јануари наредната година уште 80-тина македонски војници ќе се приклучат на американско-македонска мисија во Авганистан наречена „Феникс“. Мисијата ќе трае девет месеци и во неа ќе учествуваат припадниците на АРМ, од батаљонот за специјални намени и од воената полиција. Тие заедно со војниците од Вермонт ќе помагаат во обуката на авганистанската армија и полиција. Со новиот контингент, Македонија во Авганистан ќе има вкупно 247 мировници.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG