Достапни линкови

Грузија: Русија ја загрозува безбедноста во Црно Море


Грузија ја обвинува Русија за зголемување на напнатоста и за загрозување на безбедноста во Црното Море. Руски бродови патролираат во Црно Море, покрај сепаратистичката област Абхазија.
Грузија наметна економско ембарго кон Абхазија и Јужна Остија. Грузиските власти неодамна запленија турски танкер што носел нафта кон Абхазија. Како одговор на тоа, руски бродови почнаа да патролираат во „територијалните води“ на Абхазија.
XS
SM
MD
LG