Достапни линкови

ОБСЕ: Казахстан ја гуши слободата на печат


Претставникот за слобода на медиуми на ОБСЕ, Миклош Харашти оценува дека запленувањето на сите примероци на независниот казахтански дневен весник Республика, и минатонеделното замрзнување на неговите сметки е отворено непријателство кон слободниот печат. Харашти вели дека запленувањето на сите 23 илјади копии на весникот е очигледен обид за замолчивање на неколкуте останати критички гласови во Казахстан.
На почетокот на месецов, весникот беше казнет со 400 илјади долари, зашто објави текст со кој и нанесе штета на угледот на банката БТА.
Казахстан го презема претседателството со ОБСЕ во 2010 година.
XS
SM
MD
LG