Достапни линкови

И натаму реакции за енциклопедијата на МАНУ


Во Владата и во влеадеачката ВМРО ДПМНЕ одговорноста по барањето на албанските партии за повлекување на енциклопедијата на МАНУ, ја префрлаат во Академијата на науки. Опозицијата пак смета дека власта неможе да се амнестира од одговорност.

Во својата позиција владата по барањата на албанските политички партии за повлекување на енциклопедијата останува на ставот дека компетентноста и одговорноста околу содржината на енциклопедијата е во научните кругови на МАНУ:

„Владата ниту имала можност да врши увид во содржината, ниту било побарано од неа тоа да го направи.“

Владата ниту имала можност да врши увид во содржината, ниту било побарано од неа тоа да го направи

Повтори владиниот портпарол Мартин Мартиновски откако претходно и премиерот Груевски упати на МАНУ. Со сличен став излезе и владеачката партија ВМРО ДПМНЕ. Ниту владата ниту политичките партии немаат капацитет да влегуваат во такви дебати и не се инстутуции од научно стручен карктер, изјави Илија Димовски кој во името на таа партија бара да не се додава политичка енергија во ваков момент:

„Ние апелираме политичките партии да не навлегуваат во такви дебати. Можеби е добро да има дебата, но научно и стручно ниво.“

Не може влаадат да молчи и да не излегува со став кога премерот ја промовирал енциколпедијата, вели Андреј Петров од СДСМ:

„Тој што како промотор настапил, да ја промовира енциклопедијата, од позиција на премиер, неможе сега три дена да гледаме дека нема став, на барањата на албанците, а седат во една иста влада. А имаме реакции и на неколку суштински пријатели на Македонија, двете клучни амбасади во државата реагираат.“

Петров како недоговорна ја толкуваше и изјавата на лидерот на ДПА Мендух Тачи која уследи како негова рекција на содржините објавени во енциклопедијата и побара формирање Албанска академија на науките:

„Ние како политичка партија сметаме дека неможе врз база на револт, да се прават паралелни институции.“

На прашање кому му одговара ваква ситуација? Петров вели дека или случувањата биле тенденциозни или недговорни или површни. Одговорнота да ги разреши отврените прашања со енциклопедијата е кај оној што истата ја промовирал, а МАНУ која се повикува на историсики факти треба да ги провери изворот на историските факти односно да овозможи соочување на фактите, вели Петров:

„Согласно изјавата на лидерот на ДПА, јас пак ќе кажам тоа е во контекст на неговата порадикална реторика и платформа за рејтинг пред гласачите.“

коментира Андреј Жерновски од ЛДП според кого ситуацијата на зголемени емоции во кој во фокусот повторно се мегуетничките теми им одговара на тие што сакаат да го одвлечаат вниманието од економските теми. ДУИ која е партнер во власта нема прецизен одговор дали овие случувања ќе влијаат врз коалицијата. Не го знаеме ставот на ВМРО ДПМНЕ за енциклопедијата за да прејудицираме како ке се однесуваме изјави Џевад Адеми. Во ВМРО ДПМНЕ велат дека односите во коалицијата се стабилни.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG