Достапни линкови

logo-print

Се гради „берлински ѕид“ во Грузија


Двеанаесет истакнати европјани предупредуваат дека се гради нов берлински ѕид во Грузија со „де факто анексијата“ на две нејзини области. Тие ги повикуваат 27-те членки на Европската унија да определат проактивна стратегија за да и помогнат на Грузија, по мирен пат, да го поврати својот територијален интегритет и да обезбедат повлекување на руските сили „нелегално распоредени на грузиска територија“, во Абхазија и во Јужна Осетија.
Предупредувањето во форма на писмо е објавено во весниците Гардијан во Велика Британија, Ле Монд во Франција, Де Велт во Германија и во Кориере дела Сера во Италија. Меѓу потписниците на писмото се и поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел и француските писатели Андре Глуксман и Бернар-Анри Леви.

XS
SM
MD
LG