Достапни линкови

logo-print

Затворен мигрантскиот камп кај Кале, Франција


Француската полиција денеска го затвори кампот на мигрантите во близина на северниот град Кале. Полицијата изутрината упаднала во кампот за да ги протера над 200-те мигранти, претежно од Авганистан, при што настанала турканица меѓу полицајците и локални активисти за човекови права. Мигрантите не пружале отпор, а полицијата соопшти дека на сите ќе им биде понудено да поднесат барање за азил или помош за враќање дома. Кампот, наречен Џунгла, според полицијата, бил користен од шверцери со луѓе за транспорт во Велика Британија.
XS
SM
MD
LG