Достапни линкови

Протераниот претседател на Хондурас се врати во земјата


Властите во Хондурас воведоа полициски час откако во земјата неочекувано се врати соборениот претседател Мануел Зелаја. Тој е засолнет во амбасадата на Бразил во главниот град на Хондурас, Тегусигалпа, каде што се собраа стотици негови левичарски подржувачи. Привремениот претседател Роберто Микелети побара од Бразил да го предаде Зелаја. Бразилското министерство за надворешни работи предупреди дека каква било закана врз амбасадата на Бразил ќе биде кршење на меѓународното право. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон повика на мирно решавање на кризата.
XS
SM
MD
LG