Достапни линкови

Претседателот Иванов ги почнува активностите во Њујорк


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од вчера престојува во Њујорк, каде што ќе учествува на годишното заседание на Генралното собрание на ОН. Како што јавува МИА, билатералните активности Иванов ги почнува денеска со средбите со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и со емирот на Катар Шеик Хамад бин Калифа Ал Талини. За време на престојот во Њујорк Иванов ќе се сретне и со генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, ќе присуствува на приемот што го организира американскиот претседател Барак Обама, а на покана од поранешниот прв човек на САД Бил Клинтон, ќе учествува и на петтиот годишен состанок на Клинтон глобалната иницијатива. Посетата на Њујорк ќе биде искористена и за консултации со посредникот во грчко-македонските разговори за името Метју Нимиц. Засега нема најави за евентуална директна средба меѓу македонската и грчката делегација.
XS
SM
MD
LG