Достапни линкови

Со одложувањето на геј-парадата спречено крвопролевање во Белград


Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека со одложувањето на геј парадата е избегнато крвопролевање по улиците на Белград, затоа што полицијата открила дека противниците на парадата готват жестоки напади врз учесниците на манифетацијата и врз полицијата.
Дачиќ рече дека во судирите со сигурност ќе настрадале невини граѓани.
Тој рече дека Парадата на гордоста „не наликува на манифестациите од тој вид во Европа и во светот, каде учествуваат до 100.000 луѓе, а ги напаѓаат десетина демонстранти, туку овој случај е обратнопропорционален и на еден учесник во парадата, се паѓаат најмалку десет потенцијални напаѓачи“.
XS
SM
MD
LG