Достапни линкови

Ќе му се суди на заменик-директорот на Јукос


Московскиот суд денеска одби да ги повлече обвиненијата против поранешниот заменик директор на пропаднатиот нафтен гигант Јукос поради тоа што е тешко болен.
Судот заклучил дека медицинските резултати на Василиј Алексаниан не се доволни за повлекување на обвинението за проневера и за перење пари.
Обвинетиот во 2008 година беше ослободен со кауција, а во моментов е во една московска болница.
Директорот на Јукос, Михаил Ходорковски издржува осум годишна казна затвор за измама и за затајување на данок.

XS
SM
MD
LG