Достапни линкови

Почина една од најпознатите советски шпионки


Руската служба за надворешно разузнавање соопштува дека во саботата почина познатата советска шпионка Елисавета Мукасеи, на 97 годишна возраст. Таа и нејзиниот сопруг Михаил Мукасеи беа најпознатиот брачен дует во историјата на шпионажата. Елисавета и Михаил Мукасеи, со оперативни имиња Зефир и Елза, беа вклучени во низа прикриени операции во странство од 40-тите до крајот на 70-тите години од минатиот век.
Михаил Мукасеи почина минатата година на 101-годишна возраст.

XS
SM
MD
LG