Достапни линкови

Израел не исклучува напад врз ирански нуклеарки


Шефот на израелската армија вели дека не може да исклучи воен напад врз ирански нуклеарни објекти. Генералот Габи Ашкенази во интервју за армиското радио вели дека израелската одбрана ги држи отворени сите опции.
Израел не ги прифаќа уверувањата од Иран дека неговата нуклеарна програма не е насочена кон развивање атомско оружје. Израелците посочуваат дека нема да дозволат Иран, кој е отворено непријателски настроен кон еврејската држава, да развие такво оружје.
Рускиот претседател Дмитриј Медведе, вчера рече дека израелскиот претседател Шимон Перез го уверувал дека Израел не планира да го нападне Иран.
XS
SM
MD
LG