Достапни линкови

logo-print

Медведев во посета на Швајцарија


Рускиот претседател Дмитриј Медведев пристигна во дводневна официјална посета на Швајцарија. Тоа е прва официјална посета на руски претседател на Швајцарија. Се очекува Медведев и неговиот швајцарски колега Ханс-Рудолф Мерц да разговараат за финансиската криза и за билатерални прашања.
Портпаролката на швајцарската влада вели дека лидерите ќе разговараат и за прашања поврзани со швајцарското посредување во разговорите за намалување на тензиите меѓу Русија и Грузија.
XS
SM
MD
LG