Достапни линкови

Русија не се откажува од ракетниот систем на границата со ЕУ


Русија не ги одложи плановите за распоредување ракетен систем на границата со Полска, вели началникот на генералштабот на руската армија Николај Макаров.
„Тоа треба да биде политичка одлука. Треба да ја донесе претседателот“, вели Макаров.
Рускиот заменик-министер за одбрана Владимир Поповкин, во саботата, рече: „Нормално дека ќе се откажеме од мерките што што ги планиравме како одговор“, на американското распоредување на ракети во Полска и во Чешка.
XS
SM
MD
LG