Достапни линкови

Министерот Антонио Милошоски ја повредил ногата


Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, поради повреда на ногата, нема да патува во Њујорк на 64 Генерално собрание на Обединетите нации, јави агенцијата МИА, додавајќи дека наместо него ќе патува заменик министерот Зоран Петров. Вчера министерот Милошоски бил примен во Градската болница во Скопје каде што била констатирана повреда на лигаментот на левата нога и била извршена терапевтска имобилизација.
XS
SM
MD
LG