Достапни линкови

logo-print

За компромис потребни двајца


Медијаторот Метју Нимиц

Медијаторот Метју Нимиц

Македонските и грчките политичари сметаат дека веќе се на црвената линија од која нема отстапки, а таа е сепак далеку од средината и постигнување договор. Според аналитичарите, предизвикувачките изјави и потези од македонска страна се контрапродуктивни, а доаѓањето на ПАСОК на власт може да ги „одмрзне“ преговорите

Компромисот е како танго, за него секогаш се потребни двајца. Вака Претседателот Ѓорге Иванов деновиве го претстави
Ако одиме на тоа уставното име да не смее да биде доведено во прашање, а тоа практично е доведено во прашање, ние по мое мислење немаме преземено нешто конкретно за да нудиме некој конкретен предлог, решение кое ќе биде прифатливо и за нас и за Грција. Јас песимистички гледам дека нешто посериозно е преземено
македонско-грчкиот спор при посетата на Германија нарекувајќи го македонскиот пат кон компромисот за изоден. Овој став
Посредникот во спорот со името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц на средба со Антонио Милошоски
може да се смета за синхронизиран со изјавите на шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски во кои тој ги нарече грчките политичари за одговорни за состојбата во којашто се наоѓа сега спорот поради обидот да влијаат врз слободата на самоопределување на друг народ. Во екот на изборната кампања Караманлис порачува дека Грција исто така ја постигнала својата црвена линија. А таа како што е очигледно и од двете страни се наоѓа далеку од средината. Во очекување како исходот од изборите во Грције ќе влијае на понатамошниот тек на преговорите, за македонските аналитичари останува неизвесна македонската понатамошна позиција во решавањето на спорот како и прагот на компромисот.

„Ако одиме на тоа уставното име да не смее да биде доведено во прашање, а тоа практично е доведено во прашање, ние по мое мислење немаме преземено нешто конкретно за да нудиме некој конкретен предлог, решение кое ќе биде прифатливо и за нас и за Грција. Јас песимистички гледам дека нешто посериозно е преземено.“

Ако за црвената линија треба да одлучат и македонските граѓани, тогаш дополнителен проблем е
Шефот на грчката дипломатија Дора Бакојани и медијаторот Метју Нимиц
неинформираноста за официјалниот став, додава политичкиот аналитичар, Осман Кадриу. Иако е на мислење дека македонската страна засега направила доволно отстапки, политикологот Здравско Савевски е на мислење и дека грчката страна направила значајна отстапка од првобитниот тврд став во нашето име воопшто да не се
Погрешната стратегија што нашата влада ја игра е што се инсистира на античкиот аргумент. Она што треба да се воспостави спорот, на реални основи е да се инсистира на аргументот на човекови права
спомнува името Македонија. Во тој контекст тој ги смета за особено штетни и контрапродуктивни предизвикувачките потези и изјави од македонска страна.

„Погрешната стратегија што нашата влада ја игра е што се инсистира на античкиот аргумент. Она што треба да се воспостави спорот, на реални основи е да се инсистира на аргументот на човекови права.“

Нешто што може да ја спаси ситуацијата во овој момент според аналитичарите е спуштањето на топката од двете страни. Во оваа насока позитивни очекувања имаат од евентуланата победа на ПАСОК на изборите во Грција. Со евентуалната нова Влада на ПАСОК, препорачуваат експертите треба да се постават нови аргументи на маса кои би ги исклучиле националистичките самовоздигнувања и тогаш се поголеми и очекувањата за ефектите од преговорите.
XS
SM
MD
LG