Достапни линкови

Во Хавана, најголем концерт на отворено


Стотици илјади кубанци присуствуваа на најголемиот концерт на отворено, одржан во Хавана од револуцијата во 1959 година. На концертот учествуваа 15 најпознати уметници од Латинска Америка и Шпанија. Концертот беше поздравен од американскиот претседател Барак Обама, но не и од заедницата на кубанските белгаци во Мајами која вели дека со тоа се легитимизира комунистичкиот режим на Куба. Колумбискиот пејач Хуанес кој го организира концертот ,,Мир без граници,, примил неколку смртни закани од кубанците во Мајами.
XS
SM
MD
LG