Достапни линкови

Екс премиерот на Франција Вилпен на суд


Денеска во Париз почнува судењето на поранешниот француски премиер Доминик де Вилпен. Тој е обвинет за дискредитирање на сегашниот претседател Никола Саркози кога во 2004 и двајцата се обидуваа за добијат номинација од нивната партија за да го наследат тогашниот претседател Жак Ширак. Имено името на Саркози се појави на списокот на политичарите кои биле корумпирани за трговија со оружје. Судот заклучи дека станува збор за фалсификат по што Вилпен беше обвинет за клевета.
XS
SM
MD
LG