Достапни линкови

Се одбележува Меѓународниот ден на мирот


Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мирот, кој оваа година, според зборовите на Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, ќе биде посветен на иницијативата за нуклеарно разоружување. Генералниот секретар на Светската организација по повод Денот на мирот, кој се одбележува од 1981 година, во својата порака истакна дека случувањата во последните години потврдија дека и натаму ќе постои закана од нуклеарна катастрофа и дека тие ќе му се закануваат на светот се додека постои ризик некои земји и терористи да може да имаат или развиваат нуклеарно вооружување.
XS
SM
MD
LG