Достапни линкови

logo-print

Руска лекарка почина од „новиот грип“


Русија соопшти дека има прв смртен случај од новиот грип. Официјални руски здравствени претставници објавија дека лекарка која неодамна се вратила од Бугарија починала еден ден отако било дијагностицирано дека е инфицирана од вирусот А( Ха 1 Ен 1). Други детали за случајот засега нема. Светската Здравствена Организација објави дека вкупниот број на починати лица од грипот во светот изнесува 3 486.
XS
SM
MD
LG