Достапни линкови

Шпанија европски шампион


Шпанија е нов европски шампион во кошарка. Во синоќешното финале на Европското првенство, селекцијата на оваа земја убедливо ги совлада кошаркарите на Србија со 85:63 и прв пат во историјата на европската кошарка го освои златниот медал. Грција го зазеде третото место, откако во мечот за бронзата ја победи Словенија со 57:56. Во конечниот редослед Македонија го дели 9- то место со домаќинот Полска.
XS
SM
MD
LG