Достапни линкови

Геј-заедницата му оддава почит на поранешен канадски премиер-хетеросексуалец


Името на поранешниот канадски премиер Пјер Елиот Тридо, денеска е запишано на новиот споменик посветен на хомосексуалците и на борците за нивните права, во Ванкувер.
Тридо, кој не беше хомосексуалец, е еден од првите политичари што се залагаа за права на геј-заедницата во Канада.
„Државата нема што да прави во спалните соби на народот“, е една од најпознатите негови реченици од канадскиот парламент. Во 1969 година со таа реченица ги убедуваше пратениците да гласаат за Законот за права на хомосексуалците.
Тридо беше премиер на Канада од 1968 до 1979 година и од 1980 до 1984 година. Пјер Елиот Тридо почина во 2000 на 81-годишна возраст.
XS
SM
MD
LG