Достапни линкови

Српската полиција приведе триесетина ултранационалисти


Српската полиција соопштува дека привела повеќе од 30 луѓе, повеќето од нив припадници на ултрадесничарски организации, поради обид за одржување собири и нарушување на јавниот ред и мир.
Полицијата забрани одржување собири во центарот на Белград поради безбедносни причини.
По откажувањето на геј парадата „Поворка на гордоста“ и забраната на митингот на националистичкото „Српско народно движење 1389“, вчера попладне полицијата издаде соопштение во кое се вели дека од безбедносни причини се забрануваат секакви масовни собири во центарот на Белград.
XS
SM
MD
LG