Достапни линкови

Нов рекорд на Исинбајева


Руската атлетичарка Јелена Исинбајева, денеска, повторно го собори својот светски рекорд во скок со стап, прескокнувајќи 5 метри и 7 центиметри, на атлетскиот митинг во Шангај.
Претходниот нејзин светски рекорд од 5,06 е стар една година.
Исинбајева е неприкосновена во скок со стап во изминативе 5 години. Изненадувачки, таа остана без медал на неодамнешното Светско првенство во атлетика во Берлин.
XS
SM
MD
LG