Достапни линкови

Обама не планира да ја прекине истрагата за антитерористичките мерки


Американскиот претседател Барак Обама вели дека не планира да побара од Министерството за правда да ја прекине истрагата за испрашувањата на осомничените терористи за време на администрацијата на поранешниот претседател Џорџ Буш. Седум поранешни директори на ЦИА побараа од претседателот да го направи токму тоа. Во писмото што го упатија до претседателот Обама, во петокот, тие предупредуваат дека истрагата може да ги обесхрабри агентите на ЦИА да употребуваат агресивни разузнавачки мерки, неопходни за борба против тероризмот.

XS
SM
MD
LG