Достапни линкови

logo-print

ПАСОК најавува подобрување на односите со Турција


Лидерот на грчката опозициска партија ПАСОК, Јоргос Папандреу изјави дека ќе се обиде да ги подобри односите со Турција, ако победи на изборите на 4 октомври. Анкара, сепак, треба да ги почитува правилата на ЕУ, за да добие добра оценка од Брисел во декември, вели Папандреу.
Поранешниот министер за надворешни работи, чија партија ПАСОК, според анкетите има најголема доверба, рече дека во изминатите години во грчко-турските односи се појавиле пречки, кои би можеле да влијаат на шансите на Турција да биде примена во ЕУ.
XS
SM
MD
LG