Достапни линкови

Карзаи сака мир со Талибанците


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи повикува на примирје со Талибанците на почетокот на прославата на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.
Тој ги повикува милитантите да престанат да се борат, да ја уништуваат својата земја и да ги убиваат своите луѓе.
Тие мора да се вратат во своите домови и да живеат во мир, вели Карзаи.
Тој вели дека ако се потврди неговата победа на претседателските избори, ќе иницира мировни разговори со Талибанците.
Коментарите на Карзаи следуваат откако талибанскиот водач Мула Омар ги предупреди странските сили во Авганистан дека се соочуваат со неизбежен пораз.
XS
SM
MD
LG